Денес да ти било…

Денес да ти било…
*
Јас не слушнав пушка
/не дај боже пукот да ечи/
мома ил момче да се сврши
нова чатија некој на куќа да става
ил шише врз нов брод некој да скрши

Денот да ти биде облеан во злато
воопшто неважно скоро без смисла
слушам како збогум градска врева
лажни сеќавања мрежи плетат
знамето на нов порив некој го крева

Луѓе денес е ден на поезијата
тој не е црна вест сетилата што ви ги демне
чекорете низ него со песна и разум
и не прашувајте зашто логика нема
под крилото нејно слободата не може да ја снема

Денес да ти било ден на поезијата
виножитен од најубави метафори сплетен
денес крвта нечујно во поетското перо врие
гладот за песна над хартијата вришти
вашата нова химна во стиховите и се лие

МЈ 2017 Одбележување на денот.

Related image

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s