Песна уловена во исечоци од гала вечера

Песна уловена во исечоци од гала вечера

Се чуствувам како на тениски турнир
ја вртам главата лево и десно
ко глувче на излезот од својата дупка
да не наиде нешто како брз воз
на необезбеден премин на пруга

Последните пет минути доцнат
часовникот застанал токму на вечера
на ноќното небо гламурот парадира
надежта под столовите шета
од колено на колено и ги брои лисјето
спремна да го прифати златниот

Сите присутни се играчи и публика
секој на својот перон на среќата
меѓу нив уметник ловец со топче во раката
со кое цели кон речната сирена
да го дофати со својот рекет
во ново компонирана љубовна балада

Започнува валцерот зборлив
композиција наменета за дожд
како сон на валцер здив горлив
на балот од последениот вожд

МЈ 2017 г

Related image

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s