Kажи и

Кажи и

кажи и на смртта
нека почека
сеуште не научив да летам
нит јоргован пролетен бел
не помирисав од дождот испран
сидро на копното карпесто сум
рѓосувам и на морето му сметам

со потсвеста се држиме за раце
играме чудна игра за двајца талкање
усни без бедра мириси без капка
трампаме копнежи за малку срам
во правот на страста еден миг валкање

кажи и птици сме редок вид
откритие в постела благословено
вилино коњче срце што бранува сино
шифра на детска љубов неоткриена
копнежниот јантар што чека да згасне
на искап да го испиеме божјото вино

МЈ 2017 г

Image result for мода муска

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s