Кучка што р`жи по мојот прамец

 

Велат ти си алка
од верижен генератор
даваш и земаш кога си оган и змија?

Мене си ми позната
зашто висеше на усните од мојот порок
лаеше по мојот мит
го остреше и осакатуваше истовремено
час беше кафез а час клуч,
ме докрајчуваше на секој нов извор.

Не можам да ти судам
твојата горопадност не дозволува
заситност, живееш во мојот грев
без кормило едра и весла.

Ме претвораш во анархист
заради тебе ги кршам законите
на машкиот ред
безуспешно ги лепам твоите потерници
на градите од распнатите папи и витези.

Ти си најбараната богомолка
распуштена
гладна
безобзирна
кучка што р`жи по мојот прамец
кога го втурнувам
во ноќната голгота.

И ти и смртта не можете да ме изненадите
се плашите од мојот сон на праведник,
во суштина мојот грев
е единствениот имунитет
од тебе.
МЈ 2017 г

Image result for man macho drawings

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s