На зборчето Де

На зборчето ДЕ
*
Секој нешто сака јас поезијата
таа моја бесконечна игра на зборови
со ред и безред во редови редовно редосана.
Таа е вечит дебитант на сите мои дебија од
деветтиот до деведесетгодишниот
и деветстотиот дел од деликатноста ако сакате.
Таа е мој деликатес, деланка,декор и декоратер.
Таа е мој деловник,делничар и делница.
Делјан, делта зрак, демант,
препознатлива демаркација,
деконтаминатор,
деликвент
деликт
делител
делириум
демонстрант и денгуба
демон
Дефиниција е моја
дефиле на дефетизмот,
дефлација и дефицит
често деформација и дехидрација
но секогаш децидна.
Дерби е таа полно депо
депозит од депресии
дерач и дервиш
дериват на сите поестки дестилации.
Таа е детонатор де факто
дете и детелина, детергент.
Таа е мојот Демостен и Дедал
ден над деновите
денар и ден и ноќ
таа е мојата Деница.

МЈ

Image result for d e

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s