Со дождот

 

Престани со дождот
откога го намачка ветувањето
со липов мирис
за кого не постојат затворени врати
и прозорци
остави го шепотот да ги милува
тополите
остави ја ноќта да одмара.

Уморен е градот
топло му е
ја отфрлил кожата на невиноста
за некој да ја облече својата девственост
ти само боботиш по олуците
небаре до утрото
поганите јазици ќе ги измиеш.

Престани
остави го сонот да се шета
нека лета низ маалските кровови
во минатото
твое е да си заминеш низ реката
тивко со алчноста
сит од калливите остатоци на
уништениот ден.

Марио Јагоски

2017 г

Image result for киша

 

 

 

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s