Сепак има нешто

Сепак има нешто

Чудесна свежина влегува низ прозорциве
сонцето некаде горе се лути на облаците
зошто не чекаат ред и се туркаат пред него,
ќе зајде а една слика помалце ќе ја има
во рамката на неговиот албум.
Полека еден зад друг се паркираат возилата
пред зградата тивко нечујно без здив
како верни кученца кои ги слушаат наредбите
на своите сопственици задоволни од излетот
олеснети од обврската да се гушат и чекаат
на семафорите низ градот.
Се слуша затварање на вратите од становите
и тивката бучава на лифтот.Од некои балкони
и тераси детсите восклици упатени кон родителите
нималку не заостануваат зад птичјиот пој
кога женката или мажјакот се враќа во гнездото.
За момент се се смирува.
Полека се смрачува.
Се завртев накај собата и седнав
сето ова да го напишам ни самиот не знам зашто.
Сепак има нешто.Има.
Како и јас да се вратив дома.
Замислував како полека се качувам по скалите,
нешто тешко ме гушеше се до пред вратата кога
одгатнав дека тоа е твојата отсутност.
МЈ 2017 г

Image result for children drawing

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s