Секој крај на песната е почеток

Секој крај на песната е почеток

Ајде да ловиме зајаци,
без нагон за убивање без пукање
во самракот кога не се гледа.
Смртта на ушестите ќе биде одложена
нашите намери без капка крв
бескрајно одложени до проѕирна хуманост.

Ајде, нашите фикс идеи
да ги посееме горе на голине ридови,
ќе бујнат дабовини и по некој поток,
ќе заливадат нашите гени и копнежот
по минливоста на сеидбата на течните глаголи.

Ајде време е да ја оплачиме ноќта,
да го прибереме пладнето да не преспие
во утринската кашлица
или да нагази на талкачите ежови
што се тркалаат низ умножени јазици

Има уште многу
до самиот врв на сеќавањето.
Слоеви од метафори чекаат дешифрирање,
секој крај на песната е почеток,
како соѕидани иницијали заедно
со стапицата на љубовта.
МЈ 2017 г

Related image

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s