Гол како вистина

Соблечен сум гол како вистина
се оцртуваат годините на градиве
ги бројам и на секоја има по една вина.
Се исправам божем гневен па
глумам невин насмеан и ги барам
патеките на твоите прсти во мојата
проседа коса а таму само мршава песна.

Почнувам забрзано да дишам
да ги одлепам мирисите од твоите усни
на градиве кога ги забораваше на моиве ребра.

Колку само пати моиве раце те убиваа
додека ти ги кинев канџите
и те затворав во мојот кафез
а ти алчно се навикнуваше на него.

Зарем е можно ова тело за тебе да беше
столб на светиот грев и ненаситен звер
што се храни со твоето крваво срце
а ти му допушти да старее и сеуште да пие
од соковите на твоите крици и соништа
како ништо да не се случило.

Ќе ги обвиткам рацеве околу телово
прости но морам да те задавам зашто
не стигнав да ти кажам на минување сум
во друштво иднината не се отфрла.

МЈ 2017 г

Related image

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s