На гости во мојата пролет

Давеник сум во сопственото море,
на ветерот порака тажна пишувам,
до месечко стар недостижен горе,
песна пролетна тивко издишувам.

Се бранувам ко стар брод онака бушав,
пловам таа се пени остава солзна трага,
одекнува како воскресување на душа,
со шепот се претопува во мирисна тага.

Да беше пролет кога тополите се веат,
јас на неа јавнат ќе и дојдев на гости,
птиците на нејзинот стих песна ќе пеат.

Усниве мрморат ко пијан морнат пцости,
сонот ми се препелка како риба во тиња,
гласот мрзне ко задоцнет цвет во сињак.

МЈ 29 .10. 2017 г

authorized

Advertisements
Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Ноќва е срасната со намерата

Ноќва е срасната со намерата

Ме гледа и ги шири метафорите,
податна, со анемичен стрес
во очите, ме црта и поттурнува,
јас како и обично не сфаќам,
сакам да пијам,
за инает на нејзината навреда,
за инает на нејзината глума,
од нејзината сензибилност.

Бегај , ми вели,
денес денот беше врел,
ноќва е срасната со твојата намера
струните ми се скинати,
ене ти го албумот
листај
последните пет се празни.
И?
Во зората пточно во утрото
ќе ги пополниме онолку
колку што си припаѓаме.
Ме убеди, одсекогаш била
мојот разум.

МЈ

Related image

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Добровечер

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Овој ден

Тежок намуртен од сивило по сив,
од календар протеран ко без душа,
нит сонце нит облак нит ветер див,
нит дождец ниту молња се слуша.

Тлее така од утро до мрак без тебе,
како мината љубов во гради темна,
минува часот една стрелка ме гребе,
зар љубов мракот чека неспремна.

Бегај, ме разболе ваков дену гнасен,
врати се назад од каде што си дојде,
те сакам источен топол и сосем јасен,
не е ова кашлица ќе офнам ќе пројде.

Бегај дену, те презирам ваков гробар
во ликот нејзин те сакам светол добар.
МЈ 2018 g

authorized

Image result for deciji crtezi

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Висок слаб брадест и луд

Еден ден насекаде ќе ме бараш,
ваков, висок, слаб, брадест и луд,
јадна, лута со птици ќе се караш,
само досада мачна ќе те грее, студ.

Ќе го обвие кровот коприва трева,
цветовите во вртот смртно ќе венат,
ќе завладе тишина тешка без врева,
лудаци ќе нема облаци ќе ги кренат.

Затоа смеј се на мојата лага и глума,
имам уште малце светови да дадам,
се откажувам од небото за мала сума
дај уште едн ден да те сонам и крадам.

Не, не сакам со ноќта во мене да спијам
сакам љубовта истрошена да ја скријам.
МЈ 2018 г

authorized

Related image

 

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Враќањето на ВМРО

Телевизиските медиуми МТВ , ТВ ТЕЛМА, ТВ24 ЧАСА, КАНАЛ5 , ТВ АЛФА  и СИТЕЛ донекаде како сопствеништво на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе ја вратат партијата т.е диктатурата на Груевски на власт во наредните избори. Сегашната партија на власт СДСМ нема капацитет да ја спречи.

За неверните Томи организирам опклада.

Денес 03.04 2018 г.

Image result for rulet

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Турција лаже! Turkey is lying!

Турција го лаже целиот свет. Под изговор дека прави

офанзива против терористите од ИС врши геноцид

против курдите во Сирија. Жалосно е што САД ја

подржуваат во нејзиното злосторство. Во Турција

поради оваа најава уште пред 5 години беа убиени

новинари и блогери. ТУРЦИЈА предводена од Ердоган

врши масовно убиство врз еден недолжен народ.

Image result for kurdski borci

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Fields of gold

Душата е туѓинец

штом се обидува да најде

дом што нe e никаде…

 

Posted in Uncategorized | 3 Коментари

Нема успешни разделби

 

Велат а лажат дека
ништо не понесуваме со себе
ќе те чекам на влезот за да те разуверам

Нема успешни разделби

Насекаде прозорци и птици
и петици валкани од нежност

а
таму нема причинување
само слаткарници без колачи.

Ако сега ме погледнеш во зениците
дури таму ќе видиш дека вредеше.
Гласникот ме чека да му ветам дека
доаѓам и дека не ми треба водич.

Денес најмалце утре е последниот термин
од љубовната игра што завршува со реми.

Двајцата сме трофеи што бледнеат
во ехото на еуфоријата на смртта.
Таму
сме
засекогаш дома.

МЈ 2017

authorized

Image result for JAN DE MAESSCHALCK

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

КАКО СТЕ

Како сте
*
Ниту на сон не верувајте дека
сум ја напуштил поезијата.
Таа е течен апсурд во кој по цел ден
плива мојот мозок заштитен од
непотопливите мисли на реалноста
и надреалноста.
Таа се шета по брегот на тоа море
и ги собира исфрлените школки
и обоени камчиња кои ќе ги вгради
во некоја песна без која ни космосот не може.
Времето само ја црта линијата на хоризонтот
правејќи пат за изгрев на златните метафори
со кои ќе ги позлатам амфорите на минливоста.
Како сте? 😀
MJ 2017 Г

authorized

Related image

Posted in Uncategorized | Напишете коментар