Меѓу листовите мојата спанка

Меѓу листовите мојата спанка

После Овидие и понатака светлото не старее,
дефиницијата за смалувањето на денот е иста,
јас го славам денот со својата тишина што зрее,
пред нос ми е октопод и длето ко фикција чиста.

Се` се оддалечува нема каде близина да црпам,
аглите стануваат кружници препреки свиоци, сите.
Сакам пламен широк не co искрите да го крпам,
да горам во него полуден и гол да ги нема дните.

Како старец сакам еден ден да чекорам тап и мек,
на раб остар раката да си ја пресечам под дланка,
сите точки и запирки укотвени да бидат барем век,
меѓу листовите таа сама да остане мојата спанка.
.
Тогаш таа ќе почне да се пишува сама и ќе лее крв,
се што творев ќе одлута со изгубениот едреник прв.

Марио Јагоски

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s