Лазурна мисла

Лазурна мисла
.
Ќе пишувам уште, нов извор ќе дупчам,
како клукајдрвец во самотно суво дрво,
сал звукот да го разбудам а не да чмае,
да не зацари тишина за да почне црвот,
стихот до го изглода ниту миг да не трае.
.
Не дека немоста ми пречи и таа ќе знае,
кога -тогаш ќе рикнам ко в џунгла лавот,
ќе растреперат пајажините во мојот сон
зборовите пајаци ќе го соблечат стравот,
ќе се тркалаат по нитите најавени со ѕвон.
.
Ќе се размавтам ко пијан сликар со кист,
на платното што гледа не нацртана жена,
во мислите веќе и бои коси и нежни бедра,
облечена во свилена мрежа ко риба мрена,
со неа на брегот ноќе гази во ноќта ведра.
.
Хартијава е гладна како пролетна полјана,
ме чека сеач да бидам да и посадам руно,
со љубовни стапалки да се храни жешки,
за осамен гулаб во него да го остри клунот,
лазурна ми мисла низ ова да мине пешки.
marjan@com 2020 г
copyright

Girl Lying in Grass Stock Photo - Alamy

About marjan@com.mj.mk

Поетски занесеник Галактички цреши, Сонот на пупките, Тишините во мојот храм, Мостови од виножито, Дебар Стар Град... и други!
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар