Chris Rea на профилот мој,

Chris Rea

Chris Rea има резервиран простор на профилот мој,
неговата музика поточно гитара ми служи како ноже,
кога го слушам јас со гравитацијата биеме лут бој
се трудам цврсто да се држам да не летнам, боже.

Немарно со блузот ми обновува некои стари рани
некои тукушто забелени ги темнее како месо диво,
незнае тоа се триумфи мои од некои солзи слани,
за на крај повторно излечени да се и не ми е криво.

Можеби двајцата сме ислужени воденички камења,
кои нови песни од стари метафори упорно мелат,
за нови птици сонуваме врз наши свиени рамења,
за живот нов со нас во нашите песни што ќе делат.

Потајно чувствувам нов живот ми се отвора сега,
нова хартија синее пред мене уплашен и Март бега.
mario@com.mj

 

Advertisements
Posted in Uncategorized | Напишете коментар

НЕ Е СЕКОЈ ДЕН ВИНО ЖЕНА И ПЕСНА

НЕ Е СЕКОЈ ДЕН ВИНО ЖЕНА И ПЕСНА

Не зваршуваат сите дни во убиствена убавина,
та во нивните очи да бидам прободен со анџар,
за желбата моја не се сите со отворена славина,
моите раце по секоја самовила не острат канџа.

Не е секој ден по виното, жена и песни гладен,
или во неверството станал безнадежен слуга,
има и искричав некој за љубов напален гладен,
тој е трпеливиот пламен што чека шанса друга.

Убави се оние како обилен поток што се слива,
во гради полнат молитвена тишина полн храм,
ко пехар се полнат од сопствена мудрост дива,
кон залез да ни соголи душа од последен срам.

Какви се денови има од карпа до бисерен талог,
некои магични подателни брчки ќе ти збришат,
ќе наситат, опијат ќе те внесат во нивниот налог,
сал од среќа и од несреќа подеднакво те бришат.
mario@com.mj

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ТИ ПРОЛЕТ СИ

ТИ ПРОЛЕТ СИ

Ти пролет си другите не знаат многу,
јас те скинав од еден мрачен честар,
те припитомив и ти мене фала богу,
се допираме нежно на своите места.

Ти со мирисот опоен ко слатка пролет,
влегуваш во мојата тишина ко песна,
во очи го врежуваш мојот вжарен полет,
боен брод станав штом поглед те сретна.

Сега заедно пловиме низ морски струни
љубовта на едрата ден и ноќ стражари,
го усмерува курсот кон небеските круни
со ангели небесни лакоми не се пазари.

Како тебе ниту на небесниот пазар нема,
нема цена која за тебе судбината ја дава,
громовново срце одамна ко свое те зема,
ко демнечки сокол ја чува твојата става.
mario@com.mj

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Поезијата како Амазон равен

Поезијата како Амазон равен

Му велам на ,,пријателот,, поет: поезија?
Да, роден сум за тоа, и Чичко еден имав,
свиреше на шупелка имаше амнезија.
бил убав, ми вели-со глава му климнав.

Патуваш ли долго, немаш ранец гледам?
О, не, да, јас, јас сум ко јавачот осамен,
на грбот носам реклама, сонот го следам.
Имаш долга сенка-велам; те следи камен.

Не ме прашувајте, еднаш пеев и во хор,
живот имам како опера, ко Амазон рамен.
Како автобус ти е твојот закоричен* двор.
И? Сега двајцата се греете на мојот пламен?

Уште ќе речеш дека моногамна е без рима,
на белите страници развратни прави попис,
до збирка да порасне само да не види зима,
рогови в торба не збира, јас им менувам опис!
mario@com.mj

закоричен* двор- книга со убави корици
Checking for visual plagiarism

Фотографија на Mario Jagoski.

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

НЕШТО КАКО ПРОЛЕТ

НЕШТО КАКО ПРОЛЕТ
*
Денес пролетта се расшири како савана,
испарува влажниот сон од зимата месен,
шарена сенка трча низ кафезната меана,
мислиш за скок се спрема тигарот бесен.

По меѓите на реката залегнале црни чавки,
со чудна храброст исушена трева си поштат,
бараат ларви залутани инсекти или мравки,
восклик, штом наидат на гнил орев и коштан.

Пролет, ти пробудена слободо сончева сцена,
на кафезот зимски решетки што му кршиш,
на светот што се нудиш ко љубовна арена,
ги бакнуваш пупките пред денот да сврши.

Во тебе сите жени пет години помалку имаат,
тивко учат како пеперутки се ловат во зори,
како пупките врз дланки трнчиња попримаат,
како принц од бајките ве зема в бели двори.
mario@com.mj

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ПОЕТСКО МОРЕ

ПОЕТСКО МОРЕ

Моето море е измислено како тишински тон,
додека пишувам наводно бранот му се слуша,
каменчињата филхармонија се секое си е ѕвон,
плимата полека ме грли ми се качува в гуша.

И Таа е измислена како во собава влегува гола,
сонлива божем а всушност солено мокра цела,
од светлината што зрачи очиве веќе ме болат,
чувстувам и песнава онемува како крв е врела.

На лицето утринската среќа за миг и се очитува,
преку лице црната коса ко морска трева и лази,
со јазик морски моиве гради ги љуби , почитува,
се витка се крши ко брег да рони а мене ме пази.

Вакви се поетските мориња со потсмев ќе рече,
некој, кому реката под прозорец џабе му тече.
mario@com.mj

Фотографија на Mario Jagoski.

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

МЕ НАПРАВИ СУВО ДРВО

МЕ НАПРАВИ СУВО ДРВО

Во песната пее, ме направи суво дрво,
од гранките одамна ни паднал листот,
ама тоа навидум заш* се уште црвот,
не ја допрел нашата кревка блискост.

Јас и ти сме само очекувања, ни се чини,
во последна капка сок живот да сјачат,
оваа пролет нема така лесно да мини,
и кората и привидот нема да не мачат.

Од ветровите не се плашат дрвјата суви
ниту длабоките корита од реките бесни,
ако не земат заспани во некои ноќи глуви
во жолто златни соништа облечени тесни.

Ме направи суво дрво во песната се пее,
а ние на него птици две со песна што грее.
mario@com.mj

Image result for Leonard Cohen - A Thousand Kisses Deep

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

УТРИНСКА НАСМЕВКА

УТРИНСКА НАСМЕВКА

Велат ако се смееш крила ќе ти пораснат,
должината нивна е рамна на идно време,
полно љубовни кадри на кои си дораснат,
зашто денес посеаното тогаш никне семе.

Се разбудив утрово со насмевка и крила,
бесрамно мирисав на даб и висок кедар,
се истегнав ко над морски брег над спила,
во нов епизоден вртлог пролетен и ведар.

Како магија ги снема сите кадри со трње,
свет ми се доближува со растегнати едра,
чудни честички од рози и црешов цут врне,
на лицево капат ко дар од љубов штедра.

Стиховите насмеани како кристална топка,
предвесници на ѕвезда која допрва се раѓа,
еден сладок заборавен јазик в срце тропка,
летач сум како детето што никогаш не паѓа.
mario@com.mj

Фотографија на Mario Jagoski.

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Za zvonata

Za zvonata

Za zvonata sto zborovno zvonat
i za nivnoto klatno sto gi bode v rebra
ne, ne ste citale dal i tie solzi ronat
kako kora sto pagja na starite stebla

Sekogas nekade zvoni i nekoj slusa
zamislete v gluvo doba koga i sonot spie
togas strasno nesto moze da stegne dusa
i pesnata na dozdot ja probiva koga lie

Najinteresni se onie mali zvoncinja
tia kako brancinja se na kej sto pliskaat,
civkaat kako mali zverki kako zamorcinja
nezasitno se mseat ko galebi vriskaat

I kamenot ponekoga da zvoni umee
bez zborovi beznadezno grubo, studeno
toa e poradi nekoja zora sto rumee
nemo da zapee za sto ne mu e sudeno
mario@com.mj

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ЉУБОВТА Е ЗАКОН

ЉУБОВТА Е ЗАКОН

Кога за љубовта пишувам златни барам преѓи,
усукани виножита над очи што чуваат стража,
вткаени ко две пиавици исткаени од нив веѓи,
смртна убавина секого што можат да излажат.

Пеколна е, закон што мечтите ми ги заробува,
единствено нејзе бог гревот не и го припишува,
мојот чекор кога погрешно ја следи недоодува,
во зората тоа лукавиот сон од мене издишува.

Во многу минати ноќи горки солзи ми истекоа,
одеднаш карпа станувам, сини молњи ме бијат.
осаменички болки ко тажни лири ме пропекоа,
поету доста пееш во ваква слава и музите спијат.

В утро стануваме двајцата кон жедно поле итаме,
погледите ги вкрстосуваме како два калеми нови,
како пеперутки под сончевата голгота си скитаме,
таква е нашата голгота љубовта кон неа ни плови/
mario@com.mj.mk

Related image

Posted in Uncategorized | Напишете коментар