Сакам многу

Сакам многу

.

Ниту јас ниту зборовите ми се совршени

не судете ми пред да си ги погледнете рацете

проверете дали ви се чисти.

Очите понекогаш знаат да ми се матни

сребрениот сјај пред нив да гасне

полека како ѕвезда што се оддалечува.

Чувствувам некаква наредба

треба да исполнам задача

да најдам начин да ја оценам убавината

и да ја стркалам по земјата за да го зарази светот

со живот преполн инспирација

со меморија полна совршени песни и заложби.

Зад сето тоа мора да се влечат некои сенки

грешки и апсурди, но попат треба да тонат

во калта или прашината на заборавот.

Сакам да го сторам тоа и заслуга да ми биде

за да ја отворам вратата на нов ден

што ќе го започнам со висок дух

растеретен од сите глупави изрази и фрази

Јас сум тоа што мислам дека сум

се напрегам да не је менувам смислата

само по некој тон варијација или нијанса.

Сакам многу и катаден се обучувам да сакам.

Не можам да чекам сето ова друг да го стори.

marjan@com 2020 г

copyrigt

About marjan@com.mj.mk

Поетски занесеник Галактички цреши, Сонот на пупките, Тишините во мојот храм, Мостови од виножито, Дебар Стар Град... и други!
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар