Author Archives: mario@com.mj.mk

Како Петок

Како Петок Да бидам бесмртен треба да разговарам со бога кога тој ќе посака да ги разлиста моите стихови шетајќи низ рајот со него нога до нога. Да бидам бесмртен се ќе зависи од неговата критика и рецензија колку значењето … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Eкстремна сегашност

како би напишал вечерва поезија, ама, нема дело нема дело, што ќе рече адвокат Коцарев пред Јустиција терезија. ете и ребалансот на буџетот ме одмина, божем ми е важен мој си е моја домашна точка нит ме весели нит ме … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Најкратка

Најкратка Те сакам, и реков, како сонцево, тоа само што зајде. Ми светиш како онаа ѕвезда, и велам, ја снема , ноќ, некој облак ја покри. Дај да те бакнам, лудо мое, и велам, таа ги затвори очите јас се … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Столицата

нуСтолицата на која седам Столицата на која седам, удобност не ми нуди, тврда е стара и расклатена, разновидни болки ми буди. Не не, не се тоа длабоки и остри, само често менуваат агол, изнудуваат крик и псовка, стихот го формираат … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Јас ве читам и вие знаете дека е така…

Јас ве читам и вие знаете дека е така, зашто јас оставам секогаш пишан траг, дали е насмевка или поздравче со рака, како неважна комета на небесниот мрак. Годиниве десет под кој се криевте праг, божем во потрага по изгубената … Continue reading

Posted in Uncategorized | 3 Коментари

Дадаистична

Дадаистична Спакуван ни е животот под планина во мало градче сосем малограѓански. Низ чешмите ниту збор мокар по некоја капка за стаорец или птица Портите отворени во исчекување на божемен стратешки дијалог со самите себе. Поезија без ѕидови тавани и … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Менует

Менует Златно зајдисонце. Денес се` посакав и нешто што сум изумил. Животот малце ме потчукна под коленото, не претерувај ми вели остави нешто и за утре. Чекорот ме предупреди прв, со зборовите полека ќе ја стигнеш таа те чека, иако … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Во јазлите на сонот

Во јазлите на сонот На пат кон сонот се тетерават јазлите јал котелците јазикот ги чека ќе ги свива превиткува и пласти мамка е перница мека од секогаш така било од памтивека. Денот арачот свој си го зема свеќата огледалото … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Каде што кавалите ветер пијат

Каде што кавалите ветер пијат * Каде што кавалите ветер пијат, планините тежина си мерат, небото облаци си шие, и потокот без лузна бучи сртот чија песна учи.? Тие не виделе море, нивната тајна ко срна в шума шета, и … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Кај ветрот едно око има

Кај ветрот едно око има * Да папса молкот в земја, претепан ко стија в љубен сон, в гроб темен зборој да го касаат, глас да нема а болка, скршен колк, -драм, драм, драм- -друм, друм,друм- кај втерот едно око … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар