ЈАС СУМ ВОИН

ЈАС СУМ ВОИН

.

.

Поетот е воин досадата да ја убива мора,

мислите ги тркала таму ваму по цел ден,

ги претвора во зборови за да не го горат,

се бори сам на тагата да не и` стане плен.

Што се однесува до мене истово го велам,

заради онаа на усниве што ми остави траг,

со жар се` уште од песна в песна ја селам,

мали рани закоравени ги покирам со шлаг.

Душава ми ноќева насмеана ко мало дете,

перово во хартијава спретно знае да копа,

место ведар стих црта некакво палаво дете,

показалецот од левата рака немирен тропа.

Ми паѓа помисла на мојот мачор кога е лут,

со опашот бел кругови црта и така спружен,

ги очекува моите раце и да го земам в скут,

пулсот на мојот допир можеби му е нужен.

Понекогаш некое зборче ме скокотка, рчка,

ќе ме издува од темава како ветер лист сув,

како утринска убавица кога мине и трчка,

да стигне пред црвеното на семафорот глув.

Брзината на се` што ми се случува е чудна,

трае колку искра или блесок а јас на штрек,

со дел од неа ловам ѕвезди ко река будна,

со надеж дека ќе се закитам со Адамов век.

Ќе се свртам за миг како нешто да ми фали,

ќе го слушнам пулсот кој е единствена врева,

ил срцето заспано од ритамот со кој го гали,

спомен на прегрнати под месечевата стреа.

Се поднаместувам и заземам сериозен став,

како пантер кој се спрема за скок по пленот,

ко речен скелар што го товарил својот сплав

спремен со најпесна да си го дочекам денот.

Ко стар дабар почнувам да делкам сништа,

на метафорите да им направам топла куќа,

не сакам во песната од студ да ми вриштат,

ниту да се гушат од здивот во мојата плуќа.

Зборовна полека плетам јазол по јазол скала,

секое скалило друг сјај нешто ко пекол и рај,

со боја на младост и старост во дијагонала,

како се лула на цветни јажиња во месец мај.

Се уште е рано да мислам на сонот каде ака,

кога не е тука рамнодушноста не ме храни,

си ги пластам строфите, една па друга рака,

на писмото како ненаситник му наоѓам мани.

Љубопитноста не ми е мана која не ме мачи,

до кога одново над споменот ќе кршам мраз,

како чекање на прв бакнеж штом се смрачи,

во минатото заборавено на сончевиот млаз.1

Бришам и пишам ако нешто е сиво и матно,

на почеток го ставам на мака до зори да чека,

во потрага по совршенство мора да е клатно,

на сребрен часовник прецизен стар два века.

Не се сомневам дека се ова в книга ќе легне,

јасното и видливото и низ корици ќе зрачат,

некоја солза ќе прокапи ил грло ќе го стегне,

оној на кој како мене исти јадови ќе го мачат.

Нема да плачам ако не делевме иста страст,

или танцувавме притаени под чадор на дожд,

заробеници бевме слатки и под истата власт,

на овој остарен живот денес крунисан вожд.

Напати верувам дека тоа беше во друг град,

со мноштво цветни улици средe некое лето,

кога исти ко мене вљубени среќавав на пат,

со очите нурнати во неа ко пчела во цветот.

Секој различни алатки за убивањето си има,

и погодно време како да е тоа фактор битен,

но колкава награда за делото јас ќе примам,

будноста ќе суди и песнава со стихот елитен.

2

Ноќите ми тропнале на врата во доцен час,

за телото да ми го опуштат со намера добра,

од демоните досада и инсомнија, нема спас,

ноќва не ги чувствувам и да ме каснала кобра.

Се чувствувам ко војник од бој што се вратил,

раните сум ги излечил и ништо не се случува,

ненавикнат на тишината или осамата сфатив,

во мене е вселено нешто друго кое одлучува.

Некоја невидлива рака околу вратот ме стега,

ја препознав упорноста по заповедниот здив,

ковај ми вели дур е жешко нема кај да бега,

убиј ја не греши душа ако сакаш да не си крив.

За миг подигнав глава ноќта променила сјај,

се распослала ко магла топлината во собата,

помислив дал открив некаков непознат крај,

ил гладот по метафори ми тропа во утробата.

И претчувство имам како звуците се сокриле,

зашто убиствено сум горд да им сменам тон,

со шушкањето на перово главите ги покриле,

како стаорци во фрак мижат под својот ѕвон.

Времето пред мене тече и ми го чисти патот,

како да се приближувам до крајпатна меана,

и само подоко гледам на стрелките од саатот,

сал песнава предвреме да не биде ожнеана.

Се прашувам дал треба да си отворам душа,

да ви споделам од моите колачиња медени,

печени в пустината на една младешка суша,

дека во рајот убедени ќе бидеме приведени.

И најјаките и тврдоглави поети не тераат инат,

размавтани ко крила со поетско знаме сино,

кога ноќните вили под прозорците ќе минат,

знаат низ залистоците им истекло сето вино.

….

Марјан Јакшоски

Тo be continued

Можно е да е слика од 1 лице, обувки и внатре

Види ја статистиката

107 post reach

Сите реакции:

9Мирослав И. Јованоски, Branka Jovcevska и 7 други

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Македонците денес

Секој ден се подлабоко копаат во историјата. Остави тоа што копаат туку и нивните деца ги учат да копаат повикувајќи ги да им додадат лопата или копач. Се надевам наскоро нивните деца ќе им го учукуваат в глава копачот и ќе ги затрпаат во дупката што ја ископале! МЈ

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Водач

Руската нација/читај народ/ ја води една полуписмена будала.

Македонскиот народ токму таква будала посакува за својата иднина!

Во Украина актер стана претседател на државата, во Русија сите државни инстуции

сосе вработените во нив станаа академии за глума.

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Анна Ахматова — Сжала руки под темной вуалью: Стих

Сжала руки под тёмной вуалью…
«Отчего ты сегодня бледна?»
— Оттого, что я терпкой печалью
Напоила его допьяна.

Как забуду? Он вышел, шатаясь,
Искривился мучительно рот…
Я сбежала, перил не касаясь,
Я бежала за ним до ворот.

Задыхаясь, я крикнула: «Шутка
Всё, что было. Уйдешь, я умру.»
Улыбнулся спокойно и жутко
И сказал мне: «Не стой на ветру».

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Наивни македонци

Како македонските читатели на порталите, соопштенијата, оние новинарските и познати на целата светска јавност си ги ваѓаат од концепт и си ги преправаат речениците како ним им одговара за да ја покажат наводно нивната обавестеност и дека целосно се во тек со настаните?! Една таква лага , а всушност е конструирана од проруски или руски интереси неколку време кружи низ јавниот пишан простор т.е медиумите дека ,,украинците убиле 14000 руси во Донбас“??!! За првпат оваа реченица е употребена во порталот на Телма на 18.02 2022 година во новинарскиот наслов ,,Револуцијата на достоинството“ на Украина беше…. Тие истите воопшто не ја познаваат ниту се во тек со оваа војна настаната меѓу РФ и Украина….

https://telma.com.mk/2022/02/18/%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0/

Posted in Uncategorized | 3 Коментари

Оваа песна е за тебе

Оваа песна е за тебе  

Катерино моме

дојди досадата грабни ми ја

качена на бел ирвас

со трите џуџиња од детството

што те пратат

Катерино моме

планини и борова шума цртам на хартијава

розата во вазнава ја залевам

почнува слана во собата да се пласти

Пијан сум и ладно ми е

туѓи солзи и туѓа смеа на дијамантска трева

светкаат во степава на моето сеќавање

зборови не ми излегуваат

само бел мермер допираат

Катерино моме во секој месец светилко

влези во мојата куќа без ѕидови

на секој ѕид очи еленски те гледаат

на секој стол играчка детска насмеана

Катерино

во секоја фиока

препарирани денови и години

улици и паркови клупи за бакнежи

завиткани лажни клопка безбојни

фотографии со плитка посвета

за лажните косачи на младоста

Катерино моме моме

Сé  е препаринао или мене очите и слухот

ме лажат нема повеќе старост

и будилников во стварноста се вратил

Катерино моме

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ГЛАС НЕКОЈ СЛУШАМ

Глас некој слушам надзвук е чинам,

инстиктиот ми вели демон е невин,

ми се врти умот зар крај него минам

одеднаш блажен како гласот Девин.

Бесмислено е заведувањето без цел,

над умно рацио лукавост на страста,

средба бара ветува бакнеж прв врел,

над љубовта сал да ја делиме власта.

Повикот анималност зрачи очи сјаат,

заведува за миг – летај, реши се вели,

сликите на двоумието кратко траат,

мудроста во тебе денес нек се всели.

Ќе отворам очи нека биде што сака,

и Бог или очајание и срџба да видам

вртлог нека ме свије, во оваа мрака,

не ќе ме плаши само човек да бидам.

Од висини зборам со вистина летам,

се нурнувам во топлата црвена река,

од страв ни трага комета сум светам,

порив грлен во мене да излезе чека.

Се` кон крајот тргнало, образи црват,

срцата што се смеат како мало дете,

тоа совеста празнува денови ѝ врват,

во пустината на душава никна цвете..

Марјан Јакшоски 15. 01.2013 г

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Најпосле вордпреес се смилува :)

Веб страната долго време ми беше блокирана.

Сега е отворена на мое задоволство 🙂

Posted in Uncategorized | 9 Коментари

Meшање на времињата при употреба на глаголот ,,зема“

Во последниве децении при употребата на македонскиот јазик се случуваат голем број груби отстапувања од стандардниот литературен јазик, односно, грешки од правописен карактер.

Таквите отстапки и грешки во примената на јазикот прават вистинска естетска, семантичка и морфолошка узурпација. Особено, загрижува фактот дека тие се присутни и во голем број текстови, кои се професионални производи во области во кои јазикот и неговата примена се од првенствено значење, како и во текстови на врвни институции во државата. Тоа го наметнува проблемот на огрубување или вулгаризирање, но и нарушување на основниот институционализиран јазик и правопис.

Овде ќе го истакнеме примерот со еден од најчесто употребуваните глаголи на сосема погрешен начин. Тоа е глаголот „зема“, односно, „зеде“. При примената на овој глагол постои исклучителна зачестеност на мешање на глаголската форма од минато свршено време и сегашно време. Имено, стана вистинска пракса, место глаголот од минато свршено време „зеде“, да се употребува формата „зема“, место „зел“, „земал“, односно, место „зела“, „земала“ и сл. Со тоа се прекршени основните граматички правила и се создава вистинска забуна, која ја менува дури и семантичката димензија…

Извор ПЕЛАГОН.МК

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ПОЕЗИЈАТА СЕ КУПУВА И ПРОДАВА

поезијата се купува и продава
никнува од земја и паѓа од небото
сепак како новороденче таа расне
се буди пали оган но и гасне

јас ја носам во врвот на прстиве
за промена и` наместив мрежа
во мојата глава да одмара и чека
за потем да се симне како луда река

не знам кога е родена дал е млада
ил бесцелно `рти од јатките на зборот
песните и` се тој чудотворен плод
што го храни сонот на човечкиот род

бестелесна е кога со неа летам
таа управува тогаш со мојот страв
а јас веслам со мечти како голо дете
во душава чудна светлина ми плете

marjan@com mj

2014 god

Можеби е цртан на текст
Posted in Uncategorized | Напишете коментар