Галактички цреши

Збирката песни поезија Галактички цреши на поетот Марјан Јакшоски која во Македонската поетска јавност е пријатно изненадување доживува трето издание откако првите две беа продадени за само два месеци што е преседан во денешно време кога читателската публика е се помалку и издавачките куќи се соочуваат со големи тешкотии своите изданија да ги продадат на пазарот дури и по цени кои не се исплатливи и не можат да ги покријат трошковите за издавањето.

Најиндикативно е што збирката Галактички цреши никаде во јавност не е промовирана ниту за неа постои било каков продажен маркетинг. Оние кои ја читале се пријатно изненадени од стилот на кој е пишувана , ненаметлив, современ и непатетичен. Писателот Марјан Јакшоски од нему познати причини не соработува со ниедна издавачка куќа а книгата ја доставува лично до секој што сака да ја купи со претходен договор како сака читателот да му биде доставена.

Втор настан кој го бележи писателското деби на Марјан Јакшоски е новата втора збирка поезија под име Сонот на пупките која како и предходната бележи голем пораст на продажба. Интересно е што писателот остварува лични конаткти со многумина кои ја купиле книгата за да ги слушне впечатоците и критиките. Најчеста критика која може да се слушне е таа што книгата е пријатно изненадување после македонските доаени како што се Блаже Конески, Ацо Шопов, Влада Урошевиќ , Јаневски, Матевски но, и посовремените кои се уште творат…

Во моментов можат да се нарачаат и купат двете книги по цена од 200 ден. на телефон 075 441 405 .

Текст: М-р Гордана Костовска – Скопје

https://www.facebook.com/groups/210820079599764/

 

 

About marjan@com.mj.mk

Поетски занесеник Галактички цреши, Сонот на пупките, Тишините во мојот храм, Мостови од виножито, Дебар Стар Град... и други!
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар