Мечта што шета

Мечта што шета

Не се сите настани вистински ниту патувањата лесни,
и многу полжави немаат куќичка а умеат да се кријат,
има и птици кои молкот во ноќта го параат со песни,
има и имагинации од минатото што како волци виат.
Да се лепи со среброто на месечината срце скршено
или ненамерно да се скршне кон минатото што боли
мечта да ви шета околу усните сама а се е свршено
тоа е листање каталог од јагоди врз лиснато тесто.
Да заборавите како изгледаше балот во црн костум,
очекувањата околу вас изморени од вистини и лаги,
главен лик да си во филмот каде што стоиш простум
за на крајот морето во очите да ти потоне без траги.
На перон мафтаат за поздрав само главните ликови,
а најретки се оние што добиваат мирисливи пликови.
МЈ 2016 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s