Неделна поетска потреба

 

Раскопан канал
црвојадина долж тротоарот
сквернавење на тишината
залегната зад затворените прозорци
од зградата

Брадеста приказна
со капа на главата и завиткана во шал
ја дели од блискиот маркет со
погледот врз далбочината и ширината
на црвојадината

На работ на каналот
замислен мајстор размислува
како да го започне денот
со надоврзување на нова идеа
или старата да ја покрие за вечни времиња

Штотуку не започнал
животот без наслов и вртоглавиот звук
од ѕверовите на четири тркала
замислен како чиста среќа
ако го стигнат или победат мигот

Во погорните стихови песната е стара
како читате надолу така старее
и се распарува како штеп од стари пантолони
јас само ги крпам со јак конец
проврен низ дупчето на мојата илузија
Марио Јагоски 2016 денес ))

Related image

authorized

About marjan@com.mj.mk

Поетски занесеник Галактички цреши, Сонот на пупките, Тишините во мојот храм, Мостови од виножито, Дебар Стар Град... и други!
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар